Дисциплинската на ФФМ одлучи: Победа до крајот на годината без публика, плус казна од 3.000евра

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на вчерашната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои и санкција за прилепска Победа.

-ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ЖФК Шкендија 77 Арачиново – стои во соопштението на ФФМ.

Покрај тоа Дисциплинската комисија ги донесе и следните одлуки:

1. Ивица Глигоровски, кондиционен тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

2. Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

3. Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

4. Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс.

5. Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

6. Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

7. Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

8. Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

9. Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

10. Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

11. Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

12. Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.

13. Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.