Директорот од Прилеп во Железници објави: Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа во сообраќај, обновен и модернизиран (ВИДЕО)

Директор за влеча и одржување на возните средства и член на Управен одбор на „Македонски железници-Транспорт“ Игор Коруновски објави видео од тест возењето на целосно обновениот и модернизиран легендарен воз “Шпанец”.

-Легендарниот воз “Шпанец”, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на голема врата. Денес го тестиравме целосно обновениот и модернизиран воз со нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек. Следуваат уште новости – останете со нас, објави на Фејсбук Игор Коруновски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.