Маски речиси да нема во аптеките, па граѓаните шетаат и бараат за да купат за себе. Ова е навистина голем проблем, но состојбата низ болниците е тоа што навистина најмногу загрижува.
Имено, директорот на болницата во Прилеп, Драги Богојески, ги тера вработените да штедат кога користат маски поради економично работење на болницата.
„Директорот на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп ги известува вработените дека поради недостаток на медицински маски и неможноста од нивна набавка на пазарот, како и потребата од економично работење, се задолжуваат сите вработени здравствени работници да штедат при употреба на медицински маски“-пишува во јавно истакнатото соопштение.