Инфективното одделение при прилепската болница „Борка Талески“ е на работ на капацитетот и ќе мора да се најде начин за лекување на заболените од кopoнавиpycoт.
Според Драган Богоески, директор на прилепската градска болница „Борка Талески“ веќе се договара барем тројца-четворица пациенти да се згрижуваат во битолското Инфективно одделение.
– Денеска имаме 28 пациенти на лекување на Инфективното одделение. Речиси еден месец бројката се движи од 22, 25 до 30 пациенти на одделението. Голем број се со потешка клиничка слика. Имаме од седум до 11 кои се на кислородна поддршка и таа состојба речиси еден месец се провлекува. Се уште има релативно голем број инфиципани. Оптималниот број пациенти кои треба да бидат на одделението е 25 до 26 пациенти. Поради потребите, имаме поставено дополнителни кревети во собите и максимумот е 30 паценти. Во случај да има потреба за сместување повеќе пациенти, договарано е при комуникација со министерот за здравство и со колегите од Битола, тројца до четворица пациенти да се лекуваат во тамошното инфективно одделение. Засега, немаме друг начин, вели Богоески.
Делот кој се подготвува за ургентно одделение е ставен на располагање за пациенти кои се сомнителни со симптоми или слични на Koвид-19 кои ги чекаат резултатите од тестирањето. Во сите одделенија од болницата има соби за изолација за пациентите кои се лекуваат од други болecти и евентуално покажале симтоми за Koвид-19.
Инфективното одделение се соочува и со проблемот од недостиг од персонал. Моментално, еден инфектолог е позитивен на Koвид. Сега се само тројца специјалисти. Богоески нагласува дека и за ова ќе се бара помош од соседните места.
-Правиме напори да го решиме тој проблем, евентуално со персонал од другите одделенија, но и таму има недостиг од персонал, па ќе побараме помош од другите места со инфектолози ако има добра волја да помогнат, вели тој.
Во Прилеп денеска има пет нови случаи на заболени од кopoнавиpycoт, а 10 се оздравени. Активни се 132 случаи, од кои 103 се на домашно, а 29 на болничко лекување, а 22 граѓани се во самоизолација. Од почетокот на пандемиjaта се регистрирани 742 заболени.