Директорот на ООУ “Климент Охридски” повика да се спаси животот на една ученичка

13775468_10206508124688787_4769255036933565421_n

Дирекрот на ООУ “Климент Охридски” Ахил Јаков, повика да се спаси животот на 11-годишна ученичка. 

Како што напиша тој, пред извесно време девојчето доживеало тежок мозочен удар, а после ударот девојчето за 98% го загубило видот, говорот и целата десна страна на телото. Итно е потребно лекување во Краков, Полска, а на родителите им се потребна финансика помош за да го поминат овој кошмар.

За да и помогнете на малата Евгенија Јоновска може да донирате на жиро сметката: 300027029873372 комерцијална банка.

Исто така цел викенд  ќе има кутии за донација во објектите:
Кафетерија Вирус, Галери хаус паб, Калипсо,
Пицерија Академи, Ноќен клуб Синдикат, Ресторан Рустика и Пицерија Борзои.

15682930_10209661733354541_868276525_n

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.