Директори и советници си паркирале бесплатно

Дали е точно дека директори, министри, советници и нивни луѓе паркирале бесплатно преку системот за паркирање? Дали е водено плаќање кое што не било фискално прибележено во претпријатието, а тоа траело со години, праша денеска на седница на Советот на град Скопје Луке Галески, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е точно дека има советници кои што седат во овие советнички клупи, чии што автомобили биле прибележани и кои што имале право да прибележат автомобили на кои што им биле давани годишни карти и биле со ослободувања со цел бесплатно паркирање? Дали на тој список има и министри, актуелни шефови на кабинети? И дали еден поранешен градоначалник со целото негово семејство е на списокот за бесплатно паркирање на претпријатието – праша Галески.

Тој побара од директорот да поработи на овој случај и сите наоди и индиции да ги сподели со јавното обвинителство.

– Тука беше спомнато дека претпријатието „Паркинзи“ во минатото работело домаќински, но од актуелниот директор слушнавме дека во минатото биле давани од Градот Скопје 37 милиони денари за субвенции и дека претпријатието должи 33 милиони денари кон Градот Скопје. Толку од домаќинското работење на претпријатието. А, што се однесува до бранењето на принципите, до укажувањето дека премногу се штитени интересите на претпријатието и слично, тука директорот посочи некои индиции кои што отвораат големи сомнежи, но еве јас ќе говорам и за она што претставува јавна тајна, па демантирајте ме дали е така – истакна Галески.

Извор: “expres.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.