Фондот за иновации прослави со торта 15.000 лајкови на фан страната на социјалната мрежа фејсбук.
„Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15.000 лајкови на страната на Фонд за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество.
Ви благодарам!“, напиша на својот фејсбук профил директорот на Фондот, Јован Деспотовски.