Дипломатски скандал! САД презеле заштитни маски кои Германија ги порачала за полицијата

Вистински дипломатски скандал настана во светот откако Американците презеле маски кои Германија ги нарачала за својата полиција.

Поедини германски политичари овој потег на САД го нарекоа “модерна пиратерија”, пишува британскиот “Гардијан”. Ова е втор сличен случај од избивањето на пандемијата со корона вирусот, имајќи во предвид дека Американците на сличен начин презеле тестови за вирусот од Италија, која е една од најтешко погодените земји.

Маските кои биле 200.000 на број ги направила компанијата 3М и биле наменети за германската полиција.

Тие понудиле далеку поголема цена, додека пратката за Германија била препакувана од еден во друг авион на Тајланд, па маските биле пренасочени во САД.

Андреас Гајсел, министер за внатрешни работи на германската сојузна држава Берлин, која ги нарачала маските, го опишува овој случај како акт на “модерна пиратерија” и побарал од федералните власти на Германија да побараат од САД почитување на меѓународните трговски правила.

“Ова не е начин како меѓусебно треба да се однесуваат трансатланските партнери. Дури ни во време на глобална криза не би требало да важат правилата на Дивиот запад”, рекол тој.

Тој не е единствениот европски политичар кој се побуни против ваквото однесување на САД и натпреварот да се преземе медицинска опрема пред носот на другите.

Валери Пекрес, претседател на францускиот регион Il d’Frans, во кој спаѓа и Париз, ја опишува трката по маски како “лов по богатство”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.