Балканската естрада добро се опари од новогодишната ноќ. Најголемите ѕвезди пееја од Вардар до Триглав за вртоглави суми.
Рекордот го срушија Дино Мерлин во Скопје и Здравко Чолиќ во Будва кои добија по 100.000 евра.
На третото место е Цеца која за настап во хотел во Белград добила „само“ 80.000 евра.
Висок хонорар добил и Жељко Јоксимовиќ од 75.000 евра за неговиот настап на Новата година во Сараево.
По 40.000 евра добија Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ.
Добра пара, 50.000 евра добил и Аца Лукас на Златибор, како и Наташа Беквалац во Виена.