Дино Мерлин за Нова година во Скопје ќе заработи астрономска сума

Според српските медиуми Дино Мерлин за Нова година на скопскиот плоштад ќе пее за хонорар од 100.000 евра.

„Курир.рс“ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Така, покрај Дино Мерлин најмногу ќе добие Здравко Чолиќ кој исто така за една вечер ќе инкасира 100.000 евра.

Инаку, организатор на настапот на Дино Мерлин за новогодишната ноќ е град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата одржана пред два месеци изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје.

Според Шилегов, настапот на босанскиот пејач Град Скопје ќе го чини нула денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.