Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во урбаните центри и градови, кои имаат над 50.000 гласови и тоа носи огромни разлики, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Илија Димовски во емисијата „24 анализа“, пренесува Инфомакс.
Според него, „досега во Аеродром не се случила победа со разлика од 10.000 гласови“.
Тој додава дека разликата на ниво на град Скопје на советничката листа е 25. 000 помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на државно ниво на советничките листи е помеѓу 50 и 50. 000.
– Победа во Кисела Вода со 7.500 гласови разлика не се случила, во Гази Баба со разлика од 8 или 9.000 победа не се случила- потенцира Димовски.
Тој рече дека Заев излегол вчера пред јавноста и рекол дека СДСМ и Петре Шилегов воделе со 15.000 разлика, а денеска гледаме дека губат 8 до 9.000 разлика на трката за градоначалник, а на трката за Градскиот Совет СДСМ губи со 25.000 гласови, и појасни дека воопшто ваквите резултати не говорат дека е изедначено, туку се во полза на опозицијата.
– Во скопските општини кои се десет на број, во седум води Данела Арсовска, од кои и во Центар и во Карпош, додека Петре Шилегов води во три општини во Сарај, во Чаир и во Шуто Оризари, ако првиот круг Петре Шилегов го изгуби со 8.000 гласови, вториот ќе го изгуби најмалку со 18.000 гласови – рече Димовски.
Тој вели дека резултатите се евидентни и во вториот круг ќе бидат во полза на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде победник.