Димовски: “Дypи бapaте cyбвенции за вpaботен Албанец, дpжавата ни се иceли…”

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

Артан, не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија…
Тотално сме на дното!

После здравствениот систем, ни колабира и образовниот…

Република Македонија е последна држава која ќе го започне својот образовен циклус и училишна година…

Погледнете ги датумите кога веќе започна училишната година во земјите од регионот:

Што треба да се превземе:

1. Одговорност на сите од Министерството за образование и образовните институции што не превземале мерки за навремено започнување на училишната година;

2. Да му се предложи на Премиерот Зоран Заев, кога веќе министерот нема никакво познавање и искуство од образовниот систем, барем заменик министерот што ќе го предложи да има стручно искуство и познавање од областа на образованието;

3. Итна собраниска седница со една точка на дневен ред: Состојбите во образованието, причините зошто не започна училишната година и предлог мерки за средување на хаосот во образованието;

4. Формирање на национално координативно тело (борд) за образование, составено од сите универзитети, синдикати и организации од областа на образованието, со поддршка на сите парламентарни партии, за превземање на сите неопходни мерки за средување на хаосот во образованието;

5. Одговорност за катастрофално ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции од Буџетот оваа година (околу 35%) до сега, но и сите минати години;

6. Набавка на компјутер за секое дете (барем за оние од сиромашни и социјално загрозени семејства) и брза припрема на платформи за онлајн настава;

7. Посебна програма за одвивање на нормална настава на високо-образовните институции;

8. Посебна програма за целосно интегрирање на учениците и студентите кои имаат статус на лица со посебни потреби.
Власта е неспособна, опозицијата мора да покаже иницијатива, се работи за иднината на децата и државата!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.