И последната работа што ВМРО ја предупредуваше, ќе се случи – напиша на Твитер поранешниот пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев, дека Македонија е подготвена да прими бегалци од Авганистан.
И последната работа што ВМРО ја предупредуваше, ќе се случи…
Како викаше граЏанството: "се е тоа во главите на вмровците"… pic.twitter.com/bK3zhfTmZp
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) August 15, 2021
Во наредните твитови на истата тема денеска Димовски напиша:
Државата не е способна за:
– образовен систем
– корона пандемија
– пожари
– вработување млади
– борба со криминал
– издавање лични документи
– вода за пиење во Тетово
– борба со Нефи во Охрид
– заштита на животна средина
– изградба на автопат……ама, способна е за бегалци.
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) August 15, 2021
Денес и муџахедините од Авганистан бегаат од Талибанците…
Ама како да му кажеш на интелектуално граЏанско снобче кое од литература чита ФБ страна на Теута Арифи…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) August 15, 2021
Македонија беше трета држава, мерено по глава на жител, со број на војници ангажирани во Авганистан…
Македонија го даде својот придонес максимално и професионално…
Време е да почека другите европски држави да покажат цивилизациска вредност спрема бегалците од Авганистан…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) August 15, 2021