Вчера на социјалните мрежи се појави контроверзна фотографија, на која актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, позира до градоначалникот на Кичево, а позади нив стојат обележја од УЧК.
Шекеринска со оваа фотографија предизвика лавина реакции во јавноста.
Денеска вниманието го привлече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој напиша статус со благодарност само на албански јазик.
Димитров преку овој статус му се заблагодарува на колегите дипломати од Албанија, кои помогнале 50 студенти од Македонија што студирале во Саудиска Арабија да се вратат дома.
Министерот исто така умешно го изостава името на нашата држава и става знаменце, па дел од реакциите се однесуваат на тоа дали Димитров се срами од “северна”?
Falenderim për mikun tim ??@CakajGent dhe kolegët në @AlbanianDiplo për asistencën rreth riatdhesimit të 53 shtetasve të ?? , shumica prej tyre studentë, të cilët sot nga Tirana mbërritën në shtëpitë e tyre në ?? nga Arabia Saudite.
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) May 30, 2020