Димитар Апасиев физички нападнат во Благоевград

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев беше присутен на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, при што се случил инцидент, како што објавија од партијата.

„На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист. Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев“, велат од партијата.

Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија”, обвинуваат од партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.