Бананите се богати со скроб со низок гликемиски индекс, што значи дека подолго време се вари, а подолго време се чувствувате заситено. Истовремено делумно ја блокира апсорпцијата на јаглени хидрати.
Оваа диета која подразбира да го започнете денот со банана и филџан топла вода е позната како „утринска банана“ и е мошне едноставна.
Таа влијае на намалувањето на килограмите затоа што бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Оние што сакаат да ја пробаат оваа диета би требало да избегнуваат вечера по 20 часот и да го избегнуваат десертот по вечерата. Исто така, несмеете да консумирате млечни производи а алкохол, а бананите треба да бидат свежи, а не печени или замрзнати.
Еве како треба да изгледа вашето дневно мени:
Појадок:
- Една или повеќе банани (додека не се заситите);
- една чаша топла вода.
Ручек:
- Оброк по ваш избор и свежа салата;
- Слатки и десерти можете да јадете до 15 часот ако се чувствувате гладно.
Вечера:
- Оброк што содржи многу зеленчук;
- Прескокнете го десертот.
Доколку се придржувате до овие правила, нутреиционистите тврдат дека за една недела ќе „скинете“ и до 5 килограми.