Кандидатите за советници од Движење ЗНАМ за наша Македонија за Советот на општина Прилеп, денеска го претставија делот од својата изборна програма посветен на зачувување и унапредување на културното богатство во градот под Марковите Кули.
Прилеп е град со длабоки корени, богат со историја, традиција и уметност – и наша должност е тоа наследство да го негуваме и пренесеме на идните генерации – велат од прилепскиот огранок на ЗНАМ, од каде ветуваат дека како идни советници во Советот на општината ќе се залагаат за следните приоритети:
-Реставрација и одржување на историските и културни споменици со современ пристап и почит кон автентичноста,
-Дигитализација на локалната култура – создавање виртуелни тури, дигитални архиви и современа промоција на прилепските уметници и творци,
-Развивање на програми за културно образование и уметнички работилници во соработка со училиштата, со цел младите да ја чувствуваат културата како дел од својот идентитет.
“Зачувуваме традиција, градиме иднина”, велат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија – Прилеп.