„Струјата не треба да биде социјална категорија” – вели директоркта на МЕПСО, Ева Шуклева.
-Ние знаеме каква е ситуацијата во државата, сите нас и мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи., вели директорката, како шрто пренесува ТВ21.
Според неа, МЕПСО побарала 70 % покачување на струјата, компанијата добила само 11 проценти.
„Знаевме дека тоа е непопуларна мерка. Нашиот дел кој го побаравме 70 посто, а добивме 11 посто во некоја просечна сметка ќе влијаеше 23 денари тоа беше нашата пресметка ние побаравме 70 посто добивме 11. Нашиот удел во поскапувањето е некои си 5 денари. Не веруваме дека поскапувањето на електрична енергија ќе влијае врз потрошувачката.“, рече Шуклева.
-АД МЕПСО учествува со само 4,2 проценти во вкупната цена на електрична енергија, вели Шуклева.