Дејан Георгиевски е вицешампион на Европското сениорско првенство во олимписко таеквондо кое се одржува во Сараево.
Ваквата вест ја соопштија од македонскиот таеквондо тим преку социјалните мрежи.
-Вечерва сум втор во Европа во олимпискиот спорт таеквондо. Тежок ден, четири фулконтактни борби една по друга со класни борци, но ништо не е тешко кога мотивот е Македонија! Ова сребро е со златен сјај, во финалето постојано водев скоро до самиот крај, но спортот знае да е остар и да ни дава нова мотивација. Благодарам на подршката која доаѓа од сите страни, благодарам на клубските другари, на сите новинари, на моето семејство на моите тренери особено на Д-р Борче Костовски, на сите вас а особено на моите тренери им ветувам дека одиме на медал од олимписки игри ! За Македонија, до крај, стои во неговиот пост на Фејсбук.