Дечињата од детскиот xop при xpaмот Св. Кирил и Методиј ги cтоплиja cpцата на прилепчани (Видео)

Во организација на невладината организација “Бадникови поворки“ денеска беше организирана голема хуманитарна акција “Црвен тепих на хуманоста”. Децата од детскиот хор при храмот Св. Кирил и Методиј, симболично пештерката ја спровeдоа од параклисот на Свети Никола до камената бина, каде што хорот се претстави со Божиќни песнички.

Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божиќни подароци.

„Симболиката на оваа поворка е претставување на раѓањето на Исус Христос. Како што коледарчињата одат и го најават христовото раѓање, преку овчарчињата и ангелите кои што излегле и го објавиле христовото раѓање, затоа добиваат пригодни подароци бидејќи ни го навестуваат Христовото раѓање“, посочи отец Веле Спиркоски.

Хуманитарна акција “Црвен тепих на хуманоста” започна на 03, 04 и 05 јануари. Прилепчани ја покажаа својата хуманост донирајќи нерасиплива храна пред пештерката која ќе биде поделена на социјлно ранливите семјства од страна на организаторите “Бадникови поворки“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.