Децата од Детската Амбасада во посета на Босна и Херцеговина

IMG_0569

Група од 40-тина деца, која е составена од најдобрите ученици од основно и средно образование во општина Прилеп и општина Долнени, деца од социјално ранливи категории и истакнати деца членови на Детската Амбасада, тргнаа да се дружат и запознаат со децата од Босна и Херцеговина што е уште една потврда за искреното пријателство помеѓу двата народи и пред се помеѓу децата од двата пријателски народи. Градоначалникот Марјан Ристески и градоначалникот на општина Долнени Боше Милошески, ги поздравија присутните дечиња им посакаа сеќен пат и добар престој. Ваквите меѓународни активности укажуваат на сериозноста на целите на реализација како и за значењето и промоцијата на град Прилеп каде што е и седиштето на Детската Амбасада.

IMG_0555

IMG_0527

IMG_0536

IMG_0546

IMG_0547

IMG_0551

Оваа година е единаесетта година откако е започната реализацијата на Проектот „Градиме мостови на пријателство“ кога прв пат децата на Република Србија, ги преминаа државните граници и дојдоа на заедничко дружење со децата од Македонија на прекрасниот Пелистер во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. Детската Амбасада оваа година ја реализира програмската заложба од овој проект со посета на пријателската Босна и Херцеговина.

IMG_0579

IMG_0559

IMG_0563




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.