Марија Кузманоска од Прилеп е 7-годишно девојче, но иако е мала веќе знае што е хуманост.
Ова слатко девојче има срце колку планина, а тоа го докажа со хуманиот гест кој го направи во фризерското студио “Еma Place” во Прилеп.
Марија реши да ја скрати својата долга коса и да ја донира во холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од pak, кои поради болecта ја изгубиле својата коса.
Марија со нејзиниот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов.
На ист ваков гест претходно се одлучи и Kaлина Стојаноска од Прилеп, која исто така ја скрати својата коса и ја испрати до холандската организација “Haarwensen”.
Херојско срце има и Петар Стефановски од Крушево, кој го направи истиот гест.
Фотографиите се објавени со согласност од родителите и не е дозволено нивно преземање