Со активности предвидени во планот и програмата на Детската Амбасада за Сите деца во Светот, се реализира активноста за интернационалните денови на среќата 20ти март и денот на лица со даунов синдром 21ви март.
Оваа активност ги опфати двата дена со тоа што се реализираше работилница во соработка со ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, со децата од посебните паралелки, кои со помош на децата координатори од Детската Амбасада изработуваа Велигденски украси, а следниот ден беше одржан базар, каде што беше посетен од многу нивни другарчиња од сите основни општински училишта во Прилеп.
– Целта беше постигната, децата другаруваа, изработуваа Велигденски украси, кои што беа продадени на базарот, а со средствата што беа собрани, на децата со даунов синдром им купивме подароци со кои што ги направивме многу среќни и задоволни, а секако и ние со нив, докажавме дека сите сме едно како и мотото на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот „ЕДНО НЕБО ЗА СИТЕ ДЕЦА“.
Детската Амбасада за Сите Деца во Светот оваа година ќе слави дваесет години од своето основање во кое што преку најразлични кампови, работилници, проекти и настани има придонесено за овие деца, но секако дека ќе продолжиме и во иднина.