Спортските игралишта во “Паркот на револуцијата” во Прилеп се во катастрофална состојба. Вештачката трева на теренчето за фудбал е целосно уништена. Дупки, песок… тука дете многу полесно може да се повреди, отколку да спортува и рекреира.
Ништо подобро не е ниту игралиштето за баскет. Необележано, испокршени табли и кошеви, уништени огради…што од несовесни граѓани и вандали, што од негрижа.
Крајно време е игралиштата да бидат целосно реновирани и да го добијат стариот сјај. Тука секако добредојдена ќе биде помошта и од новоформираното Министерство за спорт, за Прилеп да добие спортски комплекс каков што заслужува.