Детали за хоророт: Крадци заклаа маж и жена, па ги фрлија во септичка јама

septicka-jama

Балканот е потресен од хорор, маж и жена се пронајдени мртви во септичка јама.

Телата на 71-годишниот Драгољуб и 79-годишната Драга Југовиќ вчера наутро беа пронајдени како плутаат во септичка јама.

Како што пренесуваат српските медиуми, на нивните тела биле видливи убоди оф нож со кој биле усмртени.

Брачниот пар важел за еден од побогатите во Пожаревац. Имале кафана и примале пензии од Швајцарија.

bracen-par-srbija

Затоа е сосема извесно иако неофицијално, дека тие се убиени од крадци.

Истрагата ќе покаже колку пари се украдени од нивната куќа, но се истражува и дали се мачени и тортурирани пред кобните убоди.

И на бабата и на дедото им бил со нож пресечен вратот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.