Детали за сообраќајката на патот Битола – Прилеп: Повредени се четири лица, меѓу кои еден малолетник

-На 23.02.2025 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с.Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,„фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од с.Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.