Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајната несреќа која денес околу 12:40 часот се случи на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.
Од СВР Тетово информираат до несреќата дошло откако патничкото комбе „Форд турнео“ излетало од коловозот.
-Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица задобиле различни видови телесни повреди.Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување, соопштуваат од СВР Тетово.
Полицијата наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.