Во периодот од 19.30 до 23.00 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел – стои во полицискиот билтен на МВР.
Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.