Десет години работела во средно училиште, па дала отказ – сега е „тешка“ 8 милијарди долари

58-годишната Жонг Хуиџуан дала отказ од средното училиште во кое предавала хемија скоро 10 години и се свртела кон фармацевтската кариера.

Тоа се покажало како добра одлука, бидејќи нејзиното богатство денес се проценува на осум милијарди долари.

Нејзината компанија „Хансон фармасеутикал“, која се занимава со производство на психоактивни лекови, во петок излегла од хонгконшката берза, а се проценува на 10,4 милијарди долари во пазарот на вредности. Како сопственичка на дел од 68 отсто, Жонг би можела да биде „тешка“ околу осум милијарди долари.

Сепак Жонг не е најбогаиот ќлен во нејзиното семејство. Богатството на нејзиниот сопруг Сун Пиаојанг се проценува на 9,3 милијарди долари, благодарејќи на успехот на компанијата „Џиангсу Хенгруи медисин“, која се занимава со производство на лекови против тумор.

Жон и Сун може да станат најбогатото семејство на светото во фармацевтската индустрија, а Жонг трета најбогата Кинезинка. Јапан тајм пренесува дека станала најбогатата Азијатка која сама го стекнала своето богатство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.