Повеќе од една декада, дизајнерот Лука Jaкони-Стјуарт гради неверојатен модел на Боинг 777, и тоа целосно од хартија.
Неговото дело е толку фасцинантно што ќе ве освои од прв поглед. Сите детали, сите механизми, па дури и тркалата, столчињата, се направени од хартија.
Лука вели дека повеќето луѓе велат дека е луд, но и дека неговиот Боинг исто така им се допаднал на голем број луѓе.
Единствените алатки кои ги користи се лепило, хартија и скалпел. Тој дури и ја посетил главната фабрика на Боинг каде одблиску се запознал со начинот на производство на оваа “железна птица”.