На 13 септември во Прилеп, по седми пат ќе се слави млекото, сирењето и луѓето кои стојат зад нив – сточарите. Тие кои со љубов и упорност ги чуваат стадата, ја негуваат традицијата и ни го даруваат вистинскиот вкус на нашата земја.
Во текот на денот – кај Градскиот Саат
Од утро па сè до попладне, платото кај Градскиот Саат ќе се претвори во вкусна и шарена сцена:
🥛 ќе имате можност да поразговарате со повеќе производители на млеко и млечни производи од цела Македонија
🧀 ќе дегустирате сирења и млечни специјалитети
🌿 ќе откриете локални производи што совршено се спојуваат со нив
💬 ќе слушнете вистински приказни за предизвиците и радостите на сточарството
Во рамки на дневниот дел, од 14 до 16 часот ќе се одржи конференцијата „Гласот на сточарите“ со два актуелни панела:
• Предизвици околу регистрација и продажба од куќен праг
• Човечки капацитети во сточарството
За атмосферата ќе се погрижи групата Романса, со звуците на староградската музика која секогаш носи доза носталгија и радост.
________________________________________
Вечерта – кај Камената бина
На зајдисонце, се селиме кај Камената бина. Таму, дечките од Слоу Фуд Млади Македонија заедно со шеф Маре Јаневска ќе приготват Диско Супа – вкусна, креативна и по малку бунтовна супа, направена од намирници кои инаку би завршиле во отпад.
А додека супата се подготвува, сцената ќе ја оживеат Јана Мрческа & Баже – млади, енергични и полни со ритам. Ќе има песна, ќе има смеа, и ќе има порака: храната е премногу вредна за да се фрли.
________________________________________
📅 13 септември 2025
📍 Прилеп – Градски Саат (дневна програма) и Камената бина (вечерна програма)
Дојдете да ја прославиме традицијата, младоста и иднината на нашето сточарство.
Фестивалот „Млеко“ е место каде што вкусовите, приказните и музиката се спојуваат во едно – а вие сте дел од таа приказна.