Денот на сесловенските просветители одбележан со велосипедска трка во Прилеп

1-IMG_1037

По повод 24 –ти Мај, Денот на сесловенските просветители, денeска во Прилеп, стартуваше  традиционалната велосипедска трка насловена како  „Сите на велосипед“.

Велосипедската тура, која се возеше во должина од 11км, односно 20 км, започна од центарот на Прилеп и се возеше до  населното место М.Коњари, па назад во центарот на Прилеп. На неа  учевство зедоа над  500 велосипедисти,  љубители на велосипедизмот, од најмала до највозрасна категорија, односно сите оние кои возат и го сакаат велосипедот. Воедно, на  трката се вклучија и велосипедисти од општина Кривогаштани, кои тргнаа од нивната општина  и  заедно стасаа на целата до аеродромот во М .Коњар, со прилепските велосипедисти.

1-IMG_1043

1-IMG_0935

1-IMG_1042

Велосипедската трка  „Сите на велосипед“, која е во организација на Сојузот на училишни спортови на Прилеп и општина  Прилеп, имаше ревиален карактер, но сепак на неа беа наградени учесниците. Награди добија најмалиот и најстариот учесник од двете општини.

1-IMG_1113

1-IMG_1091

1-IMG_1097

„Цел на велосипедската трка  „Сите на велосипед“,  е да се промовира велосипедот како најеколошко и најприфатливо средство за патување, кое не ја загадува околината “, истакна градоначалникот на  Прилеп, Марјан Ристески, која  ја отвори трката и им посака успешно пристигнување до целта на сите учесници.

1-IMG_1071

1-IMG_1067




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.