ДЕНОТ “Д” ЗА МУРИЊО НА “ОЛД ТРАФОРД”: Јунајтед се откажа од Зидан и планира нов кандидат!

После низата лоши резултати се чини дека денешната утакмица на Манчестер Јунајтед против Валенсија на “Олд Трафорд” во рамките на второто коло од Лигата на шампиони, ќе биде одлучна за Жозе Мурињо.

Денеска е денот “Д” za Mурињо! Во случај на пораз од Валенсија, Португалецот ќе ги спакува куферите и ќе го напушти “Олд Трафорд”, известуваат неколку англиски медиуми.

Испраѓањето од Лига купот од второлигашот Дерби, кавгата со Пол Погба и болниот пораз од 3:1 против Вест Хем, го донесоа Мурињо на чекор од отказ.

Замена за Португалецот веројатно ќе биде Антонио Конте, открива “Corriere dello Sport”! Со Конте во Јунајтед би можел да пристигне и извршниот директор на Јувентус, Џузепе Марота.

Од друга страна, сите информации зборуваат дека Зинедин Зидан ќе ја преземе функцијата од Марота во Јувентус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.