На 13 октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на македонската фудбалска репрезентација. Пред точно 25 години Македонија ја совлада Словенија со 4:1.
Стрелец на првиот гол македонскиот национален тим е Зоран Бошковски – Чоко. Селектор на првата генерација македонски репрезентативци беше Андон Дончевски. Тука беа и: Дарко Панчев, Драган Канатларовски – Цапар, Чеде Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Неџмедин Мемеди, Зоран Јовановски, Ванчо Мицевски, Љупчо Марковски, Бобан Бабунски, Горан Георгиевски, Саше Милошевски и Тони Мицевски.
Стрелци на другите ти гола беа Панчев, Јаневски и Канатларовски.
Македонската делегацијата за натпреварот во Крањ беше составена од 45 фудбалери, тренери, доктори, претставници и функционери на фудбалскиот сојуз, гости, познати личности и бизнисмени и новинари.
Оттогаш до сега Македонија одигра 222 официјални натпревари. Вечерва „црвено-жолтите“ го пречекуваат Лихтенштајн во 20:45 часот на „Филип Втори“ во Скопје.