Денеска се исплатени субвенции за предадениот тутун после 15-ти јануари. Со тоа тутунарите и оваа година навремено ги добија заслужените средства.
Силните владини заложби за помош и поддршка на земјоделците покажуваат одлични резултати.
Целиот произведен тутун беше откупен, па во моментов се откупени околу 20.000 тони.
Просечната цена на задоволство на тутунопроизводителите е 186 денари, а тие добиваат и дополнителни 60 денари државни субвенции за секој откупен килограм. Збирно, тутунарите во Македонија добиваат по 4 евра за килограм тутун.
Досега беа исплатени 10 милиони евра за произведувачите на тутун кои го предадоа истиот до 15-ти јануари годинава, а денеска се исплатија уште 500 милиони денари субнеции за тутунопроизводителите, кои својот род го предадоа до крајот на откупот.