Денеска финални натпревари од турнирот „БИДИ ШАМПИОН“ во организација на Видеолотарија – Касинос Австрија (ФОТО)

Видеолотарија Касинос Австрија во изминатиов период, започнувајќи од 31 мај, го организираше турнирот во кој се одиграа 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години.

Денеска на реконстуираното игралиште “Драган Крстев” во Општина Кисела Вода, ќе се одиграат финалните натпревари во турнир БИДИ ШАМПИОН.

-Турнирот започна на 31 мај со серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години, на игралиштата кои ги реконструиравме во изминатиов период. Со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни. Турнирот БИДИ ШАМПИОН не е само натпреварување, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани – велат од Видеолотарија – Касинос Австрија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.