Денеска започнува најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Фудбалското шоу ќе трае до 22.декември, за кога е закажано големото финале. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали, сениорските во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.
Вчера се одржа ждребот за групната фаза. Пријавени се 32 екипи, кои се поделени во 8 групи.
Во првиот турнирски ден ќе се одиграат 5 натпревари, а ова се двојките:
19:00 Водовод Прилеп – Изофас
19:50 Фенербахче – ВИК
20:50 Фенербахче – Outdoorfitness
21:40 Струшка – Слаткарница Шар
22:30 Фенербахче – Ангромеханика First Time
Победникот оваа година ќе подели 300.000 денари, второпласираната екипа дома ќе си замине со 180.000 денари, а третопласираната со 70.000.
Турнирот е поддржан од Министерството за спорт на Република Македонија и компанијата “Комфи Ангел”.