Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.
Светиот великомаченик Теодор Тирон
„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гоHењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен.
Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смpт. Го фрлиjа во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Поcтрада во 306 година.