Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.