Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври.
Денеска е Преподобен Иларион Велики.
Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти. Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа. За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менуваше местото на живееwе Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудоqубив живот, на 80 години. Тоа се случи околу 372 година. Неговите чудотворни мошти подоцна беа пренесени во Палестина.