Денеска е Преподобна маченица Евдокија.
Евдокија била богата жена и живеела во Хелиопол, во Сирија, кон крајот на првиот и почетокот на вториот век. Била позната по својот распуштен живот. Нејзината куќа била прилепена до еден христијански дом, каде во една прилика бил отседнал некој монах Герман. Една ноќ таа го слушнала Герман додека се молел и на глас читал некоја книга за Господовиот суд, па се свестила за својот дотогашен живот и поверувала во Христа. Откако се крстила, заминала во еден манастир, каде се подвизувала долги години. Најпосле, пострадала за Христа за време на едно гонење при римскиот император Хадријан