Денеска е Св. седум свештеномаченици Херсонски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 март.

Денеска е Св. седум свештеномаченици Херсонски.

Сите овие седуммина беа епископи на градот Херсон во различно време. Имињата им се: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон. Сите освен Етериј, кој живееше во времето на цар Константин и животот го заврши мирно, пострадаа маченички под различни околности.

Според католичкиот календар денеска е Св. Благословен Маурициј.

Бил роден во 1270 година во Угод, во Унгарија. Во 1301 година се оженил со Катарина, ќерката на палатинот Амадеј Аба. По три години брачните другари се договориле да одат во два доминикански манастири, кои се наоѓале на брегот на света Маргарета кај Будим. Така станале монаси. Маурициј умрел во манастирот во Ѓор, во 1336 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.