Денеска е еден од нajголемите и нajтешките пpaзници во годината, ден кога се вpти Coнцето

Денеска православните христијани го празнуваат големиот празник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум.

Во народното верување Вртолум се смета за особено важен ден, или за ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострадал маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.

Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го завршил маченички на Кипар. Пострадал од Евреите.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. На Вртолум, според народните верувања, не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.