Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари.
Денеска е Св. три Ерарси.
Празников бил установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес црквата се сеќава живееле во четвртиот век.
Со тек на времето, нивната светост почнала да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станале предмет на меѓусебни разделби.
Христијаните се делеле, мерејќи кој од нив е посвет од другите.
За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник.