Денеска гласаат 2162 затвореници, 8851 болни и 442 немоќни лица

На ден пред изборите, гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија, од утрово гласањето тече мирно и непречено.

Според Избирачкиот список, во казнено – поправните домови, денеска треба да гласаат 2162 затвореници од кои во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119…

Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат.

До Државната изборна комисија пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, од кои 8851 биле прифатени.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.