Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март.
Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.
Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Станислав.
Бил роден во Полска, во 1030 година. Теолошки студии завршил во Париз. Кога станал свештеник во 1071 година го наследил краковскиот бискуп, Ламберто. Како бискуп ја предводел црквата и им помагал на сиромашните. Секој ден соромашните барале помош од него, бидејќи знаеле дека ќе им даде милост. Во 1097 година, кралот Болеслав го ybил свети Станислав поради тоа што му кажувал да го остави грешниот живот и да живее според Божјите заповеди.