Денес нова тура снег, викендов сонце

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

sneg-sonce

Температурата ќе биде од нула до три степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе достигне до еден степен.

Утринските температури денес и утре малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат.

За време на викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.