Денес е голем празник: Воведение на Пресвета Богородица

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица.

Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.

Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.

Според народните верувања, сточарите го слават Воведение на Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва.

Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир за да се молат цела вечер да добијат пород.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.