Денес во средното економско училиште „Кузман Јосифски-Питу„ се организираше Саем на училишни компании насловен како „ДЕН НА УЧИЛИШНИ КОМПАНИИ 2017“. Учениците од четврта година имаа можност да ги презентираат практичните знаења , вештини и способности, стекнати во текот на четиригодишното образование, преку виртуелни училишни компании.
„Навистина има што да се види и се гледа дека доста научиле, им посакувам да имаат успешна учебна година, а на матурантите да се запишат на факултет. Ние како локална самоуправа и понатаму ќе продолжиме да вложуваме во образованието со цел поквалитетно образование“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Целта на саемот беше да се потикне и развие претприемничкиот дух и сопствената одлука за избор на дејност.
„Овој настан се случува по 9-ти пат во нашето училиште, токму поради тоа денеска и во наредниве два дена ќе продифилираат повеќе од 600 ученици од основните училишта кои ќе се запознаат со тоа како теоријата од наставата се применува во пракса, посочи Васко Гајтаноски директор на СОУ “Кузман Јосифски -Питу„.
Во рамките на часовите по практична настава во четврта година, учениците регистрират компанија, аплицираат за соодветно работно место, работа во сектори, тргуваат со други училишни компании, соработуваат со реални партнер фирми отука произлегува креативноста кај учениците, доаѓа до израз при изработката на рекламен материјал постери, каталози, флаери, визит карти …
„Денешниот саем е одличен пример да видат учениците како се формира приватен бизнис“,
„Имаме свој штанд на кој се претставуваме со наша банка и сакаме да Ве запознаеме со тоа како работи нашата банка“, посочија во своите изјави средношколците учесници на саемот.