Пред зградата на Собранието на Република Македонија и вечерва се собираат граѓани на протест против Договорот за името, што вчера беше потпишан од премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Незадоволните граѓани повикаа на нов протест утре во 11 часот кога е закажана собраниската седница на која на дневен ред е договорот со Грција.
Тие го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го напушти Собранието и да се приклучи на протестите.